Природен напиток: Едноставен трик за рамен стомак

Доколку сакате и понатаму да имате рамен стомак, а правењето на стомачни вежби ви изгледа многу напорно, тогаш обидете се да го испробате овој напиток кој на многумина им помогнал и тоа долгорочно да го решат проблемот со наталожувањето на масни наслаги во пределот на стомакот. Покрај тоа, со негово редовно консумирање, освен што ќе ја спречите појавата на дебелеење во овој дел од телото, вие значително можете да ослабнете и во обем и тоа по еден сантиметар за 20 дена.

Покрај тоа, овој напиток ќе ви помогне и во чистење на организмот, со негова редовна употреба вие зналително ќе го намалите лошиот холестерол и триглицеридите во крвта и ќе ги нормализирате притисокот и шеќерот а остовремено ја подобрува и функцијата на мозокот и го подобрува помењето.
Доколку сакате да се обидете со овој трик за подготовка на рамен стомак, потребни ќе ви бидат следните

СОСТОЈКИ:
1 лажица мед
2 лажици јаболков оцет
сок од еден грејпфрут

ПОДГОТОВКА:
Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се миксираат. Напитокот препорачливо е да го пиете секојдневно и тоа исклучиво пред ручекот и пред вечерата. Пијте го така одреден период, а потоа направете пауза.

Доколку пак не сте некој голем обожавател на вкусот на грејпфрутот, во тој случај него заменете го со мандарина или пак со портокал.

Доколку пак овој напиток не ви изгледа доволно предизвикувачки за да го пиете доволно долго за да го постигнете ефектот на рамен стома, во тој случај обидете се истата цел да ја постигнете со подготовка на напиток од банана.

За негова подготовка потребни ќе ви бидат следните состојки:
2 банани
1 портокал
200 мл јогурт
1 лажица кокосово масло
малку ѓумбир
3 лажици ленено семе
3 лажици сурутка во прав

За да го подготвите овој напиток се што треба да направите е да ги измиксирате состојките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот