Припадник на армијата пронајден мртов во канцеларија во касарната во Велес

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат  59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека  извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот