Приоритет за Русија е војната во Украина, а не Сирија, порача Москва

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/NATALIA KOLESNIKOVA / POOL

Кремљ денеска ја минимизираше важноста на падот на својот сириски сојузник Башар ал Асад за руското влијание на Блискиот исток, велејќи дека Москва се фокусира на Украина и дека е во контакт со новите власти во Сирија.

Кога Русија интервенираше во сириската граѓанска војна во 2015 година, тоа му даде значителна предност на Асад, а неговиот пад нанесе сериозен удар и на Москва, која води војна во Украина, и на Иран,
кој на целиот исток е во конфликт со Израел, поддржан од САД.

-Секако дека сме во контакт со оние кои моментално управуваат со ситуацијата во Сирија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето колку падот на Асад го ослабе руското влијание во регионот, Песков рече дека Москва одржува контакти со сите земји во регионот и дека ќе продолжи да го прави тоа.

Приоритет за Москва, рече Песков, е војната во Украина, која претседателот Владимир Путин ја нарекува „специјална воена операција“.

-Специјалната воена операција е апсолутен приоритет за нашата земја: ние мора да ги гарантираме интересите на нашата безбедност, интересите на нашиот руски народ и тоа ќе го направиме, рече Песков.

Москва ја поддржува Сирија уште од раните денови на Студената војна, признавајќи ја нејзината независност во 1944 година, кога Дамаск се обидуваше да се ослободи од француската колонијална власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот