Принцот Вилијам се израдува на успехот на Астон Вила (ВИДЕО)

Британскиот престолонаследник, Принцот Вилијам бурно ја прослави победата на Астон Вила од 2:1 над Дерби Каунти по која обезбеди пласман во Премиер лигата. Камерите го „фатија“ Принцот како се радува заедно со поранешниот напаѓач на клубот, Џон Карју, на победата на својот омилен тим кој по натпреварот стана „побогат“ за неверојатни 200 милиони евра (170 милиони фунти).

Принцот Вилијам е голем навивач на Астон Вила уште од школските денови. Тој на славниот англиски репрезентативец, а сега стручен аналитичар, Гери Линекер, му откри како стана навивач на тимот од Бирмингем.

„Сите мои другари во училиштето навиваа или за Манчестер јунајтед, Ливерпул или Челси, но јас не сакав да навивам за богати клубови. Сакав да бодрам тим кој е во средина на табелата и кој ќе ми овозможи неверојатни моменти. Астон Вила е тим со голема традиција. Неколку мои пријатели кои навиваат за Вила, во 2000 година ме однесоа на натпреварот од ФА Купот помеѓу Болтон и Астон Вила и оттогаш се заљубив во клубот и во навивачите. Исто така присуствував на натпреварот кој Вила загуби од Челси и тоа пред своите навивачи. Но атмосферата, навивањето, поддршката која ја добиваа фудбалерите беше нешто необјасниво“, открива Принцот Вилијам како стана навивач на Астон Вила.

Принцот натпреварот на „Вембли“ стадионот го следеше од кралската ложа заедно со Џон Карју, кој е импресиониран од најпознатиот навивач на клубот.

– Тој е голем фудбалски фан. Постојано зборувавме за фудбалот, највеќе за Вила бидејќи е голем навивач на нашиот клуб. Јас сум горд што сум навивач на Вила и што го следев натпреварот со Принцот Вилијам – рече Карју.

Доказ дека Принцот Вилијам е голем фан на фудбалот е тоа што беше и претседател на Англиската фудбалска асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот