Принцот Вилијам порача: Велика Британија е најдобра кога е соочена со кризи

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

Принцот Вилијам својата порака ја упати на денот кога бројот на починати во Британија поврзани со заразата Ковид-19 надмина 10.000 лица.

Британскиот принц Вилијам порача вчера од својата канцеларија дека Британија е најдобра во моментите на криза, упатувајќи кон Британците уште една во низата на пораки со кои кралската фамилија настојува да ја поттикне нацијата во кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Кралицата Елизабета минатата недела два пати се обрати на своите граѓани, а нејзиниот син, принцот Чарлс, кој беше позитивен на коронавирусот, упати неколку видео и аудио пораки откако се излечи.

Принцот Вилијам својата порака ја упати на денот кога бројот на починати во Британија поврзани со заразата Ковид-19 надмина 10.000 лица.

„Мислам дека Британија го покажува своето најдобро лице кога е соочена со кризи“, кажа принцот за време на разговор со локално хуманитарно здружение во северна Англија кое ги води банките со храна и доставува оброци на луѓето кои се во изолација.

„Сите тогаш се поврзуваме заедно и тој дух на заедништво ни дава мотивација повеќе од било што друго“, кажа Вилијам за време на повикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот