Принцот Вилијам откри како ја победил тремата за време на јавните говори

EPA-EFE/Peter Morrison / POOL

Војводата од Кембриџ раскажа како ја надминал тремата додека држел јавни говори, благодарение на својот слаб вид. Вели дека поради диоптријата не ги гледал лицата на луѓето пред кои зборувал, што му помогнало да се опушти.

EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Принцот Вилијам истакнува дека лицата во публиката му биле само матни обриси и дека на тој начин ја победил тремата, а сè е објавено во новиот документарец на Би-би-си.

„Видот почна да ми слабее кога раснев, но уште не бев навикнат да носам контактни леќи додека работев. Кога држев говори, не гледав ничие лице. Тоа ми помогна зашто не можев да видам ни кој ме гледа, ниту каков израз на лицето има“, раскажа наследникот на британската круна.

EPA-EFE/Peter Morrison / POOL

Принцот последнава година во Велика Британија ја промовира иницијативата „Heads Up“, а новинарите на Би-би-Си го следеле насекаде и го направиле документарниот филм „Фудбалот, принцот Вилијам и нашето ментално здравје“.

Иницијативата се занимава со менталното здравје и ги поттикнува фудбалерите да прозборат за своите проблеми за да им помогнат на колегите.

Војводата во документарецот се осврна на проблемот со самоубиствата и им изрази сочувство на семејствата кои ги изгубиле своите најмили на тој начин.

EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот