Принцот Вилијам лично побарал Питер Филипс да стои помеѓу него и принцот Хари

Profimedia
Фото: АФП/Профимедиа

Јавноста беше изненадена од неодамнешната одлука на кралицата Елизабета Втора, браќата принцот Вилијам и принцот Хари на погребот на принцот Филип да бидат разделени, а имено сега е откриено дека врз оваа одлука влијаел принцот Вилијам…

Многумина биле збунети од оваа ненадејна одлука, но сметале дека е паметна со оглед на тоа што браќата не се во најдобри односи. Сепак, „Дејли Меил“ открива дека одлуката не била исклучиво на кралицата…

Имено, принцот Вилијам побарал на погребот меѓу него и неговиот брат да биде синот на принезата Ана, Питер Филипс. И така беше. Браќата одеа разделени во поворката зад ковчегот на нивниот дедо.

Во капелата Сент Џорџ редоследот за седење беше поставен така што браќата седеа едни наспроти друг. За време на церемонијата во капелата имено браќата не се ни погледнале, а Вилијам цело време гледал во ковчегот на неговиот дедо, пишува „Дејли Меил“.

По погребот, Вилијан, Кејт и Хари сепак беа видени како заминуваат заедно и разговараат. Во еден момент, „миротворецот“ Кејт заостана зад браќата за да им овозможи неколку минути приватен разговор.

Веројатно на Хари воопшто не му било лесно повторно да се врати во кралското семејство, не знаејќи каква реакција да очекува. Извори за „Дејли Меил“ тврдат дека оваа нервоза била оправдана. Имено, тие велат дека принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи наводно не сакале да го поздрават Хари пред или за време на погребот. Заедно со нив, многу други роднини се однесувале кон Хари прилично „ладно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Иронично, единствениот што покажа какво било сочувство кон Хари беше принцот Ендру. Според искуството на Сара Фергусон, но и сопственото, тој знае како е да се биде аутсајдер, а токму тоа е Хари во моментот“, рекол изворот.

Ваквото однесување се очекуваше и поради неодамнешното интервју што принцот Хари и неговата сопруга Меган го имаа со Опра Винфри. Во него, членови на кралското семејство беа обвинети за расизам, откако војводата и војвотката од Сасекс го споделија своето мачно искуство за време на нивниот престој во кралскиот двор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот