Принцот Вилијам ја откри здравствената состојба на неговиот дедо Филип

EPA - EFE

Принцот Филип, соругот на кралицата Елизабета Втора беше хоспитализиран пред една недела. Неговиот внук Вилијам потврди дека Филип е во добра здравствена состојба.

Војводата од Кембриџ, беше во посета на центарот за вакцинација во Кингс Лин, Норфлк па новинарите не можеа а да не прашаат за здравствената состојба на неговиот 99-годишен дедо, кој минатата недела беше примен во болницата „Кинг VII“ во центарот на Лондон.

Да, тој е добро, го држат на око“, изјави принцот Вилијам.

Принцот Филип минатиот вторник навечер како беше хоспитализиран поради претпазливост, откако бил повикан лекар во замокот Виндзор, каде Филип заедно со кралицата Елизабета веќе некое време се во карантин.

Извори блиски до британското кралско семејство потврдија дека причината не е поврзана со ковид-19. Принцот Филип и кралицата ја примија вакцината против коронавирусот во јануари.

Неговиот син Чарлс во саботата беше во посета на својот татко кој поради коронавирусот не го видел од минатата година пред Божиќ. Во болницата поминал само 30 минути и заминал без да даде каков било коментар.

Во петокот од Бакингемската палата соопштија дека Филип ќе остане во болница оваа недела.

Принцот Филип ќе остане неколку дена во болница: Од палатата тврдат дека болеста не е поврзана со ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот