Принцот Вилијам го прослави роденденот: Кејт Мидлтон објави нови слики од малите наследници (ФОТО)

epa-efe
Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Принцот Вилијам и војводата од Кембриџ, вчера го прослави својот 38-ми роденден. Неговиот роденден, но и Денот на татковците беше честитан на официјалниот профил @KensingtonRoyal, каде беа објавени семејни фотографии од принцот со своите наследници сликани од страна на неговата сопруга Кејт Мидлтон.

инстаграм

Неговото цело име е Вилијам Артур Филип Луис (38) и е роден на 21 јуни во 1982 година во Лондон. Тој е постариот син на принцот Чарлс (71) и покојната принцеза Дијана, како и внук на кралицата Елизабета Втора (94) и принцот Филип (99). Вилијам е втор во редот за да го наследи британскиот престол, веднаш после својот татко принцот Чарлс.

Тој се студирал на „St. Andrews“ Универзитетот во Шкотска каде што во 2005 година дипломирал географија. После година дена се придружил на Кралската воена академија „Sandhurst“ каде во 2006 година се стекнал со ранг на втор полковник на коњаницата.

инстаграм

Истата година кралицата го именувала за командир на Кралската морнарица за Шкотска. Во 2010 година тој ја завршил обуката за пилот на спасувачката служба во кралското воено воздухопловство.

Тој имал само 15 година кога мајка му Дајана загинала во 1997 година во автомобилска несреќа во Париз.

Што се однесува до неговиот љубовен живот, на 29 април 2011 година тој се венчаше со Кејт Мидлтон (38), со која неодамна ја прослави 9-годишнината од бракот.

инстаграм

Британците славеа за денот на свадбата и тој беше неработен. Исто така, и наредниот ден беше предвиден за одмор. Целото случување беше пренесено на малите екрани, а податоците велат дека венчавката ја следеле 3 милијарди луѓе. Венчавката беше пренесувана и на интернет, каде што беше следена од страна на 72 милиони гледачи. Поради овие податоци, овој настан влезе во Гинесовата книга на рекорди.

Вилијам и Кејт на венчавката повикале 1.900 луѓе. Биле пратени покани испишани со златни букви. Кралскиот пар сакал на венчавката да бидат и „обични“ луѓе, па повикале и голем број волонтери, деца без родители и бездомници.

инстаграм

Тие денес имаат складен брак и 3 деца, принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2).

Во едно интервју војводата од Кембриџ признал дека се плаши од јавни говори поради тоа што слабо гледа, па не може во потполност да ги распознае лицата. Вели дека се му е во магла, бидејќи не носи контактни леќи додека работи и говори на сцена.

Вилијам тврди дека секогаш бил анксиозен кога требало да настапува пред луѓе. Меѓутоа, нему всушност му помогнало тоа што не можел никој да препознае, па рекол:

„Видот започна да ми се влошува додека растев, а немав навика да носам контакрни леќи додека работев. Одржував говори, а воопшто не можев да распознаам ниту едно лице. И тоа навистина ми помогна да ја победам анксиозноста и стравот од јавни настапи“, раскажал принцот.

ЕПА

Тој неодамна ја воодушеви јавноста, бидејќи бил таен волонтер кој преку телефон ги советувал луѓето за време на пандемијата од коронавирусот. Во Велика Британија постои платформата „Shout 85258“ која им нуди помош на луѓето кои западнале во криза, а поддршката се изведува по пат на текстуални пораки.

Вилијам бил еден од волонтерите кои одговараат на бројните пораки од оние кои се борат со настанатата ситуација. Прво морал да помине обука како да пружи психолошка помош. Дека е таен волонтер, принцот открил преку еден видео повик на кој изјавил:

„Ќе ви кажам мала тајна. Јас сум всушност волонтер на една платформа“, заклучил принцот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот