ПРИНЦОТ НА БЕЛИОТ КОЊ: „Мачо-претстава“ на Ким Јонг-ун на севернокорејските планини

Фото: Профимедиа

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, ја продолжи традицијата на „мачо-претстави“ на авторитарните светски лидери, откако во јавноста се појавија серија на фотографии каде тој умешно галопира на бел коњ низ падините на највисоката планина во неговата земја, објави „Телеграф“.

Наликувајќи на рускиот претседател Владимир Путин, кој истото го направи во 2009 година, но Ким одлучи тоа да јава без да се соблече.

Фото: Профимедиа

Националната новинска агенција КЦНА на Северна Кореја ја нарече оваа фото-сесија „значаен настан со голема важност во историјата на корејската револуција“.

Серијата на внимателно исценирани фотографии, јасно поставени за да го прикажат Ким како човек со силни лидерски способности и авторитет, го покажуваат првиот човек на Северна Кореја како јава на снежни патишта, воодушевувајќи се на природните убавини на неговата земја.

Фото: Профимедиа

Во исто време, Ким Јонг-ун ги критикуваше САД за нивните силни економски сакнкции во време кога меѓу двете земји се прекинати преговорите за нуклеарната програма.

Проекцијата на моќ преку јавање на бел коњ, според британски „Телеграф“, е креативна промена на неговата политика, која вообичаено претставува тестирање на нуклеарни ракети како фрустрација од односот на САД кон Северна Кореја.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот