Принцот Хари пристигнал во Лондон за откривањето на споменикот на принцезата Дијана

Profimedia
Принцот Хари / Фото: Profimedia

Принцот Хари, кој живее во САД, пристигнал во Лондон за да присуствува на церемонијата на откривање на споменикот на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, пишува „The News“.

Неговата сопруга Меган Маркл останала во САД со нивните деца.

Се очекува Хари според протоколите да се изолира пет дена во куќата на Фрогмор во Виндзор пред тој и Вилијам да се сретнат на први јули во палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дијана.

Притоа се случила и драматична сцена на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес пред Хари да се качи на летот на „American Airlines“ за Лондон. Автомобил управуван од непознат возач ja пробил ограда и удрил во аеродромот во „ЛАКС“, принудувајќи ги вработените на кратко да ги затворат пистите.

Возачот е приведен, а на аеродромот биле забележани дваесет полициски автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот