Принцот Хари преку таен инстаграм-профил ја следел Меган

Profimedia

Принцот Хари по првото запознавање со Меган бил маѓепсан од неа.

Откако се запознале, Хари направил лажен инстаграм-профил за да може да ја следи Меган, пишува Мирор.

Пред да се омажи за принцот Меган била активна на социјалните мрежи и имала сопствен блог – The Tig. Ја заследил корисник под име ‘@SpikeyMau5’, а подоцна се испоставило дека тој профил му припаѓал на принцот Хари. Во името што го смислил за Инстаграм, Хари ги искомбинирал имињата на неговите омилени диџеи.

Profimedia

Имаше различни претпоставки за тоа кој ги запознал. На крај им „средиле“ состанок „на слепо“.

Порталот E!News пишува дека Хари и Меган ги запознала Вајолет вон Вестенхолц, пријателка од детството на Хари. Нејзиниот татко, кој е барон, бил близок пријател со принцот Чарлс.

„Хари долго време ја бараше вистинската личност, но никако не можеше да ја најде. Тоа му беше уште потешко поради титулата што ја имаше, па не можеше да се регистрира на Тиндер или на некоја друга апликација за пронаоѓање партнери, а да ја најде по „нормален“ пат беше уште потешко. Скоро невозможно. Затоа им се довери на најблиските пријатели“, открил изворот.

Кога Хари и кажал дека сака да ја пронајде жената на својот живот, Вајолет му рекла дека има „совршена девојка за него“. Потоа им организирале „состанок на слепо“.

Нивниот заеднички пријател Маркус Андерсон, тоа лето бил во Лондон со Меган на тенискиот турнир Вимблдон, каде што ја бодреле Серена Вилијамс. После тоа било организирано дружење во „Сохо хаус“ за десеттина луѓе. Тогаш Хари добил можност да се запознае со Меган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот