Принцот Хари пред неколку месеци заврши во психијатриска клиника: Не можеше да го издржи стресот!

профимедиа

Според пишувањата на магазинот „Globe“, принцот Хари бил примен на психијатриската клиника во Калифорнија поради посттрауматски стрес, познат како PTSD.

Принцот наводно доживеал и нервен слом како последица на смртта на мајка му, принцезата Дајана чија болка ја носи уште од 1997 година, кога таа настрада. И самиот во еден момент признал дека не сака на Меган да ѝ се случи тоа што се случи на неговата мајка. Но, тој несебичен чин дошол со последицата сега да го плаќа со престој во психијатриската клиника.

Принцезата Дајана со принцовите Вилијам и Хари / Фото: Profimedia

Сепак, како една од главните причини за нернвиот слом се наведува напуштањето на кралското семејство заедно со споругата Меган Маркл и синот Арчи.

Кралското семејство за време на крштевката на принцот Арчи / Фото: Инстаграм / @sussexroyal

Повозрасен член на кралското семејство кој сакал да остане анонимен, изјавил дека тоа што 35-годишниот принц се преселил во Лос Анџелес била голема промена за него, но дополнил и дека служењето 10 години во војска оставило дополнителни последици на менталното здравје на принцот.

Меган и Хари во Лос Анџелес / Фото: Дејли мејл

Хари речиси и да нема свои пријатели во Лос Анџелес. Сега тој се дружи со сите оние „А-ѕвезди“ кои и помогнаа на Меган да стане ѕвезда и да напредува во кариерата“, открил изворот и додал:

Принцот ни самиот не може да верува што му се случува во животот откако ја послуша сопругата Меган. Таа го присили да го напушти семејството за да може да го следи нејзиниот сон, да стане холивудска ѕвезда, а тоа се претвори во неговиот најголем кошмар“.

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот