Принцот Хари пред да дојде на погребот во Британија му испратил емотивно писмо на својот татко: Работите не поминале како што се надевал

Фото: Профимедиа

Пред да се врати во Велика Британија со цел да присуствува на погребот на својот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, принцот Хари му напишал емотивно писмо на својот татко, принцот Чарлс.

Со овој потег тој се обидел да ги поправи нарушените односи по интервјуто кое тој и неговата сопруга Меган Маркл го дадоа кај Опра Винфри, а кое се случи пред само неколку недели, кога принцот Филип всушност беше во болница и се бореше за сопствениот живот, пренесува „Mirror“.

Фото: Профимедиа

„Му напиша интимно писмо на својот татко во кое што се обиде да го подобри нивниот однос, но тензиите сè уште се присутни меѓу нив и работите не се такви какви што тој се надевал дека ќе бидат“, раскажал за таблоидот близок извор до Хари, а открил и дека принцот во писмото уште еднаш ги истакнал причините за своето заминување, но и дека ветил дека ќе ја почитува институцијата.

Фото: Профимедиа

„Семејството непосредно пред погребот на принцот Филип постигнало неизречен договор да задржат за себе сè што имаат да си кажат еден на друг и да се фокусираат на кралицата на која што по смртта на својот сопруг ѝ е потребна само поддршка“, навел изворот.

„Хари не очекуваше дека сè веднаш треба да се врати на старо, но откако го виде семејството се чувствува како да мора уште многу да работат за да се поправат нивните односи“, додал тој.

Фото: Профимедиа

Иако Хари по погребот бил „уловен“ како разговара со својот брат Вилијам, сепак и нивниот однос сè уште е ладен поради тешките обвиненија против кралското семејство изнесени во интервјуто кај Опра Винфри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот