Принцот Хари повторно шокираше: Сакав да го напуштам кралското семејство кога имав 20-тина години, поради она што ѝ се случи на мајка ми

Profimedia
Принцот Хари / Фото: Profimedia

Иако се чинеше дека нарушените семејни односи ќе се поправат по смртта на принцот Филип, на чиј погреб присуствуваше и принцот Хари, кој потоа успеа да разговара со членовите на неговото семејство, неговото ново интервју со славниот комичар Дакс Шепард со сигурност повторно го вознемири британското кралско семејство.

Принцот Хари беше гостин на популарниот подкаст „Armchair Expert“ чиј домаќин е славниот комичар Дакс Шепард, сопруг на актерката Кристен Бел.

Во тој подкаст, во кој гостуваат познати холивудски ѕвезди, Хари раскажа дека не бил среќен со својот поранешен живот и дека се чувствувал како херојот од филмот „Truman Show“ со Џим Кери во главната улога – како животно во кафез во зоолошката градина.

Војводата од Сасекс откри досега непознати детали за причините за напуштањето на кралското семејство, а една од нив била и тоа што сакал, како што објасни, да го прекине синџирот на болка и страдање што ги наследил од неговиот татко, дедо и баба.

Profimedia
Profimedia

Назад кога имав 20-тина години, сакав да го напуштам кралското семејство поради тоа што ѝ се случи на мајка ми“, рече меѓу другото 36-годишниот син на принцот Чарлс и принцезата Дајана која трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа.

Принцот Хари, кој има двегодишен син Арчи со Меган Маркл, исто така откри дека конечно се чувствува слободен во Америка.

Profimedia
Фото: Профимедиа

За време на обемното интервју кое траеше 90 минути, Хари, кој веќе има американски акцент во својот говор, како што пишуваат британските медиуми, рече дека тој и неговата сопруга одлучиле да го напуштат животот во кралското семејство и поради нивните деца.

Хари раскажа дека минатата година решил да го напушти кралското семејство затоа што семејството и менталното здравје му се на прво место.

Instagram
Instagram

Принцот Хари, кој летово ќе стане татко по втор пат, верува дека и неговиот татко, принцот Чарлс, страдал многу поради неговото воспитување од страна на неговите родители и дека принцот од Велс се однесувал кон него како што се однесувале неговите родители, нарекувајќи го тоа „генетска болка“.

Војводата, меѓу другото, рече дека во раните денови на врската со Меган, тие се гледале во супермаркет, а потоа се правеле дека не се познаваат.

Profimedia
Profimedia

Хари исто така откри што му кажала Меган за своето искуство во кралското семејство: „Не морам да бидем принцеза, можеме да создадеме живот што ќе биде подобар од животот на која било принцеза“.

Ако сум искусил некакво страдање поради она што го претрпеле моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој синџир заради моите деца“, рече војводата од Сасекс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот