ПРИНЦОТ ХАРИ ГИ ИЗНЕНАДИЛ ПАТНИЦИТЕ: Поради неговиот потег го споредуваат со мајка му, принцезата Дајана

Војводата од Сасекс минатата седмица престојувал во главниот град на Италија каде присуствувал на хуманитарен настан на кој се собирани парични средства за заболените од СИДА.

Новопечениот татко бил препознаен од една патничка која своето искуство го споделила на социјалните мрежи.

„Ми се причини дека човекот кој седи блиску до мене личи на принцот Хари. Забележав дека изгледа уморно и дека има бурма на раката. Ми се причини дека човекот кој седи до него наликува на телохранител. Кога малку подобро погледнав сфатив дека е тоа всушност тој“, рекла патничката.

Таа вели и дека забележал дека го препознала и само се насмеал и и’ рекол „Здраво“.

Многумина на социјалните мрежи коментирале колку Хари е скромен и поради тоа што избрал да патува со комерцијален лет и го споредувале со неговата мајка, принцезата Дајана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот