Принцот Филип седми ден во болница, се чувствува добро

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/KAREL PRINSLOO

Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета седум дена е хоспитализиран и добро се чувствува, јавија британските медиуми.

Војводата од Единбург минатиот вторник беше хоспитализиран во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми”.

Кралицата и нејзиниот сопруг примија прва доза од вакцината против ковид-19, но влошената здравствена состојба не е поврзана со вакцината.

Принцот Вилијам вчера изјави дека неговиот дедо е добро и оти ја има целата потрбна нега.

Принцот Филип во 2017 година престана да извршува јавни функции, а неговите официјални должности ги презедоа другите членови на кралското семејство

I

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот