Принцот Филип сè уште не знае за интервјуто за кое зборува целиот свет

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кралското семејство го заштити принцот Филип, кој неодамна беше опериран, без да му кажат за интервјуто што неговиот внук, принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри.

Тој сè уште не е свесен за сериозните прекршувања на кралските протоколи предизвикани од интервјуто за кое цел свет „зуеше“ со денови.


Принцот Филип ја напушти болницата пред неколку дена откако беше примен со сериозна инфекција и проблеми со срцето, по што беше опериран.

Кралската дописничка Кети Никол изјави дека кралското семејство се обидува да го заштити принцот Филип од експлозивното интервју и сето она што Меган и Хари го кажаа за семејството, кое беше емитувано додека се опоравуваше во болницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


„Семејството не сакаше принцот да биде свесен за сериозните обвинувања изнесени од парот“, објасни Кети.

Да потсетиме, принцот Филип се пензионираше во август 2017 година, откако учествуваше во повеќе од 22.000 јавни настапи од крунисувањето на Елизабета Втора во 1952 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот