Принцот Филип е многу разочаран од Меган: Зошто таа не се откажа од актерството, како што јас ја напуштив кариерата за да бидам со кралицата?

Војводата од Единбург не може да разбере што било толку неподносливо во животот на неговиот внук и снаа за да се откажат од кралските должности.

Принцот Филип е премногу разочаран поради неуспехот на Меган Маркл „да ја поддржи монархијата“, а со тоа да го поддржи и нејзиниот сопруг, тврди кралскиот експерт.

Profimedia

Војводата од Единбург (99), кој се откажа од поморската кариера за да ја поддржи кралицата која седна на тронот во 1952 година, е револтиран што војвотката од Сасекс (39) не успеа да го стори истото за својот сопруг, тврди Ингрид Севард.

Profimedia

Во разговор со американските медиуми, кралскиот биограф кажа дека стариот принц не може да разбере зошто поранешната актерка не го следеше неговиот пример кога се омажи за принцот Хари (36) во мај 2018 година.

Прочитајте и...  Филипче и одговори на опозицијата: Нема да поднесам оставка
Profimedia

„Мислам дека е многу разочаран. Принцот Филип се откажал од поморската кариера да застане покрај кралицата и да и помогне на монархијата. Едноставно, го повредува фактот зошто Меган не се откажа од актерската кариера и не го поддржа сопругот и монархијата. Како што Дијана велеше: ” Ова не е натпревар за популарност, тука работиме сите заедно. “

Profimedia

Кога Меган и Хари објавија дека се повлекуваат од кралското семејство, кралицата ги свика членовите на семејството за да ја утврдат судбината на славниот пар. Филип не сакал да се меша во тие одлуки во тоа време.

Profimedia

„Не можеше да разбере што е толку тешко и неподносливо во животот на неговиот внук што донел таква одлука. Што се однесува до Филип, Хари и Меган имаа сè: убав дом, здрав син и единствена можност да направат глобално влијание со својата добротворна работа”, тврди кралскиот биограф.

Прочитајте и...  Бојко Борисов во самоизолација

Поврзани вести

ВИДЕО: Трамп на гласање со маска – Гласав за кандидатот Трамп

Слободен печат

ФОТО: Оваа пештера во Кападокија е вистински хит- Еве зошто многумина се подготвени скапо да платат за да престојуваат тука!

Слободен печат

Дубаи ја пушти во употреба најголемата фонтана на светот која влезе во Гинесовата книга на рекорди! (ФОТО)

Слободен Печат

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

МИА Агенција

Светот на Дизни доби нова принцеза: Запознајте ја храбрата Раја! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Црни рекорди во регионот: Бугарија, Србија и БиХ со најмногу заразени, Словенија и со починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар