Принцот Чарлс со одлична идеја за кризата во Британија, но Британците сепак го осудија!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Откако помина изолацијата, принцот Чарлс одлучи да ги вработи невработените граѓани.

Тој на сите невработени им предложил да започнат да берат овошје, пренесува „Female First“.

Целта на споменатата кампања, како што пренесуваат медиумите, е да се осигура дотокот на храна во земјата.

Профимедиа

„Во ова време на голема неизвесност, поголемиот дел од нашите секојдневни рутини и се на што сме навикнати, се наоѓаат пред предизвик. Земјоделството и економијата не се исклучени. Доколку сакаме да береме британско овошје и зеленчук оваа година, ќе треба цела „војска“ за помош. Доколку последните неколку недели успеавме да докажеме нешто, тоа е дека храната е драгоцена и вредна и дека не смееме да ја земаме „здраво за готово“. Во претстоечките месеци, на полињата ќе бидат потребни илјадници луѓе“, рекол Чарлс и додал дека е свесен како ова не е најгламурозната работа, но е клучна за да се нахрани земјата во ова време на изолација.

Profimedia

„Берењето овошје трае до есен и потребни се луѓе кои навистина ќе се посветат на тоа. Не се сомневам дека работата нема да е гламурозна и дека понекогаш ќе биде предизвик“, бил заклучокот на престолонаследникот.

Меѓутоа, тој се наиде на критики на друштвените мрежи и многумина прокоментираа дека воопшто не сакаат да ја прават таа работа, туку нешто подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот