Принцот Чарлс не ја крие тагата: Жали за заминувањето на принцот Хари во Калифорнија и многу му недостасува внукот Арчи

Instagram
Фото: Инстаграм

Наскоро ќе помине една година откако принцот Хари и Меган Маркл донесоа одлука да го напуштат кралството и да се преселат преку океанот. Цели 11 месеци, остатокот од семејството не го видел малиот наследник Арчи, а тоа особено го погодува неговиот дедо, принцот Чарлс.

Twitter
Twitter

Иако принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Велика Британија за последен пат во март да го направат својот последен ангажман и уште еднаш да се збогуваат од целото семејство, нивниот син Арчи, членовите на дворецот го немаат видено цели 11 месеци.

Разделбата со најмладиот внук, кој наполни една година во мај, најтешко му паѓа на принцот Чарлс.

Добро упатени извори тврдат дека 71-годишниот Чарлс нема да добие шанса да го види малиот Арчи набрзо.

Profimedia
Profimedia

Тие си најдоа свое мирно прибежиште. Нивниот нов дом во Калифорнија е нивниот дом засекогаш. Нешто за што долго сонуваа и не можеа да го постигнат во Велика Британија. Тие се исклучително среќни и задоволни што имаат можност да гледаат како нивниот син расте во нормални услови далеку од медиумскиот притисок и кралските обврски, рече еден од изворите за странски медиуми.

Тој рече дека дури и овој Божиќ, тричленото семејство нема да го поминат со кралското семејство во Сандрингем, но планираат да ги поминат зимските празници со мајката на Меган во Калифорнија.

Instagram
Instagram

Да потсетиме, минатиот Божиќ, Хари и Меган изнајмија луксузна вила во Канада, каде што и престојуваа во следните неколку месеци и од каде објавија на јавноста и семејството дека ја напуштаат монархијата.

Принцот од Велс знаеше почесто да намине во Виндзор и да ужива во времето поминато со малиот Арчи. Сега многу му недостасува. Тешко му е оваа долга и далечна разделба. Сето ова е многу тажно и за принцот Филип и за кралицата Елизабета, објасни истиот неименуван извор.

Instagram
Instagram

Иако принцот Хари отсекогаш нагласуваше дека со нетрпение очекува неговото семејство и децата да растат близу до неговите први братучеди, наследниците на Вилијам, тоа денес е тешко изводливо.

Односите на кралските браќа никогаш не биле полоши, а оние што добро ги познаваат велат дека нема да има подобрување на истите барем во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот