Принцот Чарлс го откри рецептот за својот омилен појадок

Profimedia

Не е тајна дека британскиот принц Чарлс обожава јадења од јајца. На Твитер и на Инстаграм „Клеренс хаус“ го објави рецептот за неговиот омилен утрински оброк – пржени јајца со британско сирење и спанаќ, пишува „Дејли мејл“.

Рецептот го споделил по повод одржувањето на онлајн фестивалот посветен на британското сирење и индустријата за сирење во таа земја, погодена од кризата поради пандемијата на коронавирусот.

„Една од работите што несомнено ни носи голема утеха и задоволство е добрата храна. Затоа, загрижувачки е што поради пандемијата на коронавирусот, во криза е една од најубавите животни радости – британското сирење“, напишал Чарлс, покровител на британската Асоцијација на производители на сирење.

Тој го споделил својот омилен рецепт на Инстаграм и на Твитер.

Потребни состојки за негова подготовка:

100 грама спанаќ
еден шери или сушен домат
35 грама меко сирење
едно јајце
80 грама густ крем (милерама)
15 грама рендано тврдо сирење
свеж босилек.

Подготовка:

Со путер треба да се намачка мал сад за печење и да се покрие со спанаќ, но да се остави мал круг во средината. Шери доматот треба да се исече на четвртини што потоа ќе се распоредат преку спанаќот, а меѓу нив да се попрска мекото сирење. На крајот да се додаде босилекот, па потоа солта и биберот.

Принцот пишува дека потоа во средината на садот треба да се скрши јајцето и да се прелие со милерама, но не се разбие жолчката. Потоа, врз сите состојки да се изренда тврдото сирење и јадењето да се стави во загреана рерна на 180 степени, 8-10 минути. Пред консумирањето, јадењето треба малку да се излади.

– На британските производители на сирење им е потребна нашата поддршка во овие несигурни времиња. Сите можеме да им помогнеме на наједноставниот начин. Со купување британско сирење во локалните продавници или директно од производителите преку интернет, даваме важен придонес за зачувување на овие мали семејни земјоделски стопанства и нивното преживување во време на криза – порачал принцот Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот