Принцот Чарлс е во одлична кондиција и покрај годините: Војвотката Камила ја откри неговата тајна!

Фото: Инстаграм

Принцот Чарлс не забави дури и по 70-тите години. Неговата сопруга Камила тврди дека е „најдобриот човек во тие години што го познава“.

Камила за BBC Radio 5 откри која е тајната на неговата одлична форма.

„Тој оди, оди и оди. Тој е како планинска коза, остава сè километри зад себе“, рекла во емисијата на Ема Барнет.

Освен што многу се движи, принцот Чарлс следи и режим на воена вежба од 12 минути, смислен од д-р Бил Обан кон крајот на 1950-тите. Тоа се пет основни вежби (истегнување, стомачни, продолженија на грбот, склекови и трчање во место) што ги изведува секоја недела, а наводно истиот режим го следат и неговите синови Вилијам и Хари, пишува Дејли Стар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот