Принцезата Мишел од Кент, е позитивна на коронавирус: Моментално се наоѓа во самоизолација во палатата Кенсингтон

Instagram

Принцезата Мишел од Кент е позитивина на коронавирус и страда од „екстремен замор и ужасни трески“, пренесува „Daily Mail“.

Принцезата Мишел (75) е омажена за првиот братучед на кралицата Елизабета, принцот Мајкл од Кент. Британските медиуми соопштуваат дека принцезата не се чувствува добро скоро еден месец, а веста ја потврди и нејзиниот потпарол.

Instagram
Instagram

Принцезата Мишел била позитивна на тестот за коронавирус, откако нејзината помошничка се разболела пред три недели и оттогаш принцезата и нејзиниот сопруг останале во самоизолација во палатата Кенсингтон, иако принцот не бил позитивен на тестот.

Instagram
Instagram

Нејзината дијагноза за коронавирусот е втор позитивен случај во кралското семејство, откако прицот Чарлс, кој кон крајот на март објави дека имал позитивен тест за болеста по патувањето во Биркхал, неговиот дом во Шкотска на имотот Балморал.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот