Принцезата Еугенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк станаа родители
Внуката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Еугенија, вчера роди син. Момчето што принцезата вчера го донесе на свет е 11-тиот наследник на тронот на Велика Британија.
Парот веднаш сподели црно-бела фотографија на својот инстаграм-профил, иако тоа не одговара на традицијата на кралското семејство.
View this post on Instagram
„Кралицата Елизабета Втора, војводите од Единбург и Јорк и војвотката Сара од Јорк, како и г-ѓа и г-дин Бруксбенк се информирани и се воодушевени од среќната вест“, стои на официјалниот инстаграм-профил на Бакингемската палата.
Бакингемската палата официјално ја објави веста за бременоста на принцезата Еугенија во ноември 2020 година. Принцезата и нејзиниот сопруг Џек карантините предизвикани од пандемијата на коронавирусите ги поминаа во домот на Ферги и принцот Ендру, а неодамна кратко престојуваа и во Фрогмор, поранешната куќа на Меган Маркл и принцот Хари, кои сега живеат во Калифронија.
View this post on Instagram
Принцезата Еугенија моментално е на породилно отсуство во галеријата „Hausery & Wirth“ каде работи како директорка.
Новородениот член на британското кралско семејство нема да има титула затоа што принцезата Еугенија го смета товарот на кралската крв за „проклетство“ и сака да обезбеди нормален живот за своето дете.
Принцезата Еугенија и Џек Бруксбенк се запознале пред седум години, а се венчаа во 2018 година.