Принцезата Дијана потклекнала на уцената која е најголем кошмар за секој родител, а принцот Филип бил виновен за тоа!

Фото: Профимедиа

Кралското семејство и односите на нејзините членови отсекогаш биле теми што ја интригираат јавноста, а еден од најинтересните членови беше, секако, и се уште е трагично починатата принцеза Дијана, од чија смрт се поминати цели 23 години.

Фото: Профимедиа

Иако многу обожаватели на „принцезата на народот“, како што ја нарекуваа Дијана, веруваат дека ги знаат сите детали од нејзиниот живот, одвреме-навреме во јавноста се појавува нова книга за животот на Дијана во која авторот презентира претходно непознати детали. Книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“, чиј автор е Ендру Мортон, не е исклучок, бидејќи се наведува дека на принцезата ѝ се заканувале дека ќе ѝ ги одземат нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари.

Profimedia

 

Имено, како што опиша британскиот автор, среде скандалот со изневерувањето на принцот Чарлс, Дијана се соочи со една од најлошите закани за било кои родители – одземање на децата. Принцот Филип, свекорот на Дијана, тогаш наводно дошол до информација дека дала согласност да биде објавена книга во која се потврдува аферата на Чарлс со денешната сопруга Камила.

Фото: Инстаграм

Оваа информација толку го налутила војводата од Единбург, што тој решил по секоја цена да го спречи тоа да го види светлото на денот, па, според споменатиот автор, ѝ се заканил на Дијана дека ќе ја избрка од дворецот и ќе ѝ ги одземе синовите.

Иако писмото со кое се заканувал дека ќе ги земе нејзините деца ја разгневило, Дијана решила да се откаже од сè и да го напушти дворецот, зачувувајќи го достоинството на круната, како што побарал сопругот на кралицата Елизабета Втора, и со тоа го задржа старателството над Вилијам и Хари. Според авторот на споменатата книга, откако Дијана ставила до знаење дека нема да остане во брак со Чарлс и дека не ја интересираат скандали во семејството, принцот Филип се смирил и конечно имал многу повеќе разбирање за сè што поминала починатата принцеза тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот