Принц од Малезија сака да ја купи Валенсија
Екипата на Валенсија наскоро може да добие нов сопственик кој е заинтересиран поранешниот шампион во Ла Лига да го врати во врвот на шпанскиот фудбал.
Валенсија веќе седма година е во сопственост на сингапурскиот бизнисмен Петер Лим кој последните неколку години направи доста грешки во раководењето со кои го навлече гневот на навивачите но и на шпанската јавност поради што во последно време се почесто за продажба на Валенсија.
Сега е пронајден и купувач, станува збор за принцот од Малезија, Тунку Исмаил Султан Ибрахим кој е подготвен да вложи голема сума на пари и да ја прекина долгогодишната агонија на клубот која најдобро ја отсликуваат последните два преодно рок кога си заминаа најдобрите фудбалери, а беа донесе само тројца играчи и тоа на позајмица.
Според првичните проценки на медиумите, целата работа околу преземањето на Валенсија сосе нејзините долгови, Тунку Исмаил Султан Ибрахим ќе треба да издвои околу 408 милиони евра.
– Мојот мотив не се парите туку создавање на историја и славата. Не сум нов во фудбалот, го освовав ЈДТФЦ кој од кандидат за испаѓање во малезинската лига го направив шампион. Освоив 16 титули за осум години и станавме еден од најголемите азиски клубови – изјави принцот од Малезија кој има 38 години.
Според шпанските медиуми, актуелниот сопственик на Валенсија, Петер Лим е подготвен да го продаде клубот и тоа веднаш.
– Сакам да ја проширам „империјата“, да ги раширам крилата и да влезам во нови предизвици. Не сум човек кој ја менува традицијата, тука сум поради славата, историјата и успесите. На Валенсија и е потребен некој кој го познава фудбалот, гладен е за успеси. но и загрижен бидејќи сфаќа колку голем клуб е Валенсија – вели Тунку Исмаил Султан Ибрахим.