Фото: Epa/EPA-EFE/YOAN VALAT

Принцовите Вилијам и Хари некогаш брутално ја навредувале Камила: Долго се обидувале да ја прифатат и често ја одговарале

Принцот Хари во својата автобиографија „Резерва“, објавена на почетокот на 2023 година, откри доста детали за британското кралско семејство, а посебно за тоа како ја критикувале Камила.

Принцовите Вилијам и Хари со години имале влошени односи со маќеата Камила, бидејќи нивниот татко, Кралот Чарлс, со неа наводно ја изневерувал нивната мајка Дијана.

Иако денес, делува како односите да се во ред, браќата долго се обидувале да ја прифатат и често ја одговарале.

Хари во својата автобиографија „Резерва“, навел дека Камила го жртвувала, истакнувајќи дека токму таа на медиумите им соопштила дека тој употребува дрога, што довело до негово заминување на рехабилитација во 2002 година.

Исто така навел дека тој и Вилијам се согласиле да ја прифатат под услов Кралот Чарлс да не се ожени со неа, што секако не го прифатил како услов.

Кралскиот биограф Том Квин, открил дека тие ѝ давеле разновидни имиња како „Вештерката од западот“ и „Круела де Вил“, пренесува „Космополитен.

Покојната кралица Елизабет, наводно никогаш не ја прифатила втората сопруга на својот син, зашто наводно таа „му го украла времето на Чарлс кое требало да го помине со своите синови“.

Сепак и покрај бројните шпекулации, во едно обраќање до јавноста во 2022 година, кралицата Елизабета изјавила:

– Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека на мојот син и на неговата сопруга Камила ќе му ја пружите истата поддршка која ми ја дадовте мене, и моја искрена ела е да тоа време дојде, Камила да биде позната како кралица-сопруга, и да ја продолжи да ја продолжи својата лојална служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот