Принцот Вилијам и Кејт се подготвени да ги преземат кралските должности порано од очекуваното
Бидејќи борбата со карциномот на британскиот крал Чарлс сè уште трае, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам сè повеќе се соочуваат со можноста да станат крал и кралица порано отколку што очекуваа.
„Иако кралот ги извршува своите должности со типична одлучност, тој мораше да прифати некои ограничувања поради неговото лекување. Како резултат на тоа, Вилијам презеде повеќе одговорности, а тој и Кејт треба да се подготват за нивните идни улоги побрзо отколку што очекуваа“, откри Сали Бедел Смит, кралска биографка, за магазинот People.
Крунисувањето на 76-годишен крал Чарлс III се одржа во мај 2023 година, а неполна година подоцна, во февруари 2024 година, кралот објави дека му бил дијагностициран облик на рак, кој не сакаше да го открие , и дека морал да оди на „рутинска медицинска процедура поради бенигно зголемување на простатата“.
Добро упатен извор исто така рекол дека принцот и принцезата од Велс се чувствуваат како да се „во затишје пред бура“.
„Тие се следните во редот за најголемата работа во нивниот живот и, се разбира, здравјето на Кејт е приоритет. Исто така, на суте им е овозможено да направат чекор напред и да сфатат што е важно во моментов.’
Јасен показател дека Вилијам е подготвен за неговата идна улога дојде претходно овој месец кога тој присуствуваше на официјалното повторно отворање на катедралата Нотр Дам. Тој пристигна во Париз во име на неговиот татко, кралот Чарлс III.
Сепак, сите тие подготовки не се лесни за Кејт Мидлтон, која и самата во изминатата година се соочи со тешка дијагноза на рак, по што се лекуваше. Последниот циклус на хемотерапија заврши кон крајот на летото, а Кејт деновиве полека се враќа на старите обврски, но сепак на прво место го става своето здравје и семејството.