Принцот Вилијам ги изгубил нервите, врескал на фотографот: Одвратен си!

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон/Instagram
Принц Вилијам и Кејт Мидлтон/Instagram

Британското кралско семејство е во конфликт со Јутјуб откако на таа платформа беше објавено видео на кое се гледа како принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, вреска по фотографот.

Според британски „Телеграф“, видеото, кое станало вирално, а потоа блокирано на платформата, го прикажува видно вознемирениот Вилијам како се расправа со фотографот откако бил фотографиран како вози велосипед со своето семејство.

Фото: Instagram

Принцот Вилијам (40) е снимен како му вика на фотографот, обвинувајќи го дека ги „демне“. Од Кенсингтонската палата тврдат дека ова е нарушување на семејната приватност.

„Мислев дека веќе сте научиле“, се слуша како Вилијам му вели на фотографот на видеото објавено во понеделникот, повеќе од една година по инцидентот.

Овој инцидент е само еден од предизвиците со кои се соочува кралското семејство во ерата на интернет, а во која не важат правилата до кои се придржуваат традиционалните медиуми кои не објавуваат фотографии и снимки од кралското семејство во приватни околности, а особено не снимките од малите принцови и принцези, пишува „Телеграф“.

Војводата, кој како момче беше сведок на болното искуство на мајка му со папараците, со години договарал аранжман со медиумите, врз основа на кој секоја година одобрува мал број фотографии од децата во знак на признание за нивната идна јавна улога, притоа инсистирајќи на нивната целосна приватност остатокот од времето.

Меѓутоа, фотографиите и снимките од неговите деца редовно се објавуваат на социјалните мрежи и се продаваат на европски изданија кои имаат различни закони за медиуми од британските.

принџ вилијам, принц џорџ, кејт мидлтон
Фото: Profimedia+EPA-EFE+Instagram

Војводата и претходно беше многу критичен кон социјалните мрежи и нивниот пристап до лажните вести, прашањата за приватноста и сајбер вознемирувањето, обвинувајќи ги дека не ги сфаќаат сериозно проблемите.

Најновото видео е снимено во јануари 2021 година во близина на Анмер Хол во Норфолк, каде војводата, војвотката и нивните три деца возеле велосипеди на селска патека.

На снимката се гледа како војводата влегува во конфликт со фотографот кој тврдел дека бил во таа област на јавен пат.

„Излеговте да не барате“, инсистирал принцот Вилијам. „Како се осмелуваш да се однесуваш како што се однесуваше со моите деца? Како се осмелуваш? Вие не демнете овде, нас и нашите деца. Во сабота сум на мирно возење велосипед со децата. Нема ни да ми го кажеш своето име… Ти си нечуен, одвратен си, навистина си. Како се осмелуваш така да се однесуваш?”, се слуша војводата.

Надвор од кадарот се слуша и војвотката Кејт Мидлтон: „Ова е наш викенд со децата. Помина покрај нас  пред нашата куќа, те видов“.

Фотографот негира дека бил во близина на куќата, велејќи дека се држел до јавните патишта и дека не се криел откако сфатил дека семејството оди кон него.

Војводата, чии деца биле вознемирени, тогаш во еден момент го повикал своето обезбедување и одбил да му дозволи на фотографот да си замине пред полицијата да ги земе неговите податоци.

„Благодарим што ни го уништивте денот“, порачал принцот на крајот.

ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт пиеле пиво, а војвотката заиграла фудбал на високи потпетици

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот