Принцот Вилијам денеска го прославува својот 40-ти роденден: Кралски живот полн преплети

принц вилијам
Принцот Вилијам го прославува својот 40-ти роденден / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, денеска го прославува својот 40 роденден. Роден е во 1982 година во Лондон како најстар син на престолонаследникот Чарлс и покојната принцеза Дијана, а воедно е и внук на кралицата Елизабета Втора и покојниот принц Филип.

Детството на Вилијам на многу начини се разликувало од неговите врсници ширум светот. Растењето во кралската резиденција и подготовката за идната должност на крал е искуство низ кое повеќето момчиња не поминуваат.

Кога имал 15 години, ја загуби мајка си, која трагично загина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз, Франција. Принцот и неговиот брат Хари изјавија дека одењето зад ковчегот на нивната мајка на нејзиниот погреб бил еден од најтешките моменти во нивниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Таткото на Вилијам, принцот Чарлс, се ожени со Камила Паркер во 2005 година. Тој беше првиот член на кралското семејство кој немаше венчавка во црква затоа што беше официјално разведен од поранешната сопруга Дијана, па имаше само граѓанска церемонија.

Во студентските денови Вилијам ја запознал љубовта на својот живот и неговата идна сопруга Кејт Мидлтон. Младите студенти се запознале и се вљубиле додека биле дел од Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска каде Вилијам дипломирал географија.

Тие се верија во ноември 2010 година, а пет месеци подоцна имаа голема кралска венчавка, која до ден денес го држи рекордот како настан со најмногу преноси во живо за некој настан – дури 72 милиони луѓе ја следеле свадбата на интернет, а вкупно се проценува дека околу 2 милијарди луѓе го следеле настанот на телевизија. Затоа во 2012 година беа вклучени во Гинисовата книга на рекорди.

принц вилијам
Принц Вилијам / Фото: EPA-EFE/LPhot KEVIN WALTON / BRITISH MINISTRY OF DEFENCE / HANDOUT MANDATORY CREDIT

Единаесет години подоцна, Вилијам и Кејт имаат три деца, 8-годишниот син Џорџ, 7-годишната ќерка Шарлот и 4-годишниот син Луис.

40-тиот роденден на Вилијам е одбележан и со специјалното издание на монетата од 5 фунти со неговиот лик. Ова е првпат принцот да се појави на официјалната британска монета. Претходно, тој и Кејт ја красеа лимитираната монета од 5 фунти по нивната венчавка.

ФОТО | Велика Британија му оддаде почит на принцот Вилијам за неговиот 40-ти роденден

Принцот Хари не добил покана да го прослави роденденот на својот брат.

„Како што веќе реков, го сакам Вилијам. Заедно поминавме низ пекол и имаме многу заеднички искуства, но сега сме на различни патишта. Верувам дека времето лечи сè, па така и нашиот однос“, изјави принцот Хари во интервјуто со Опра Винфри во март минатата година. Но, се чини дека помина доволно време.

Принцот Вилијам е втор по ред за британскиот кралски трон и се чини дека ќе почека уште малку време да му дојде редот. Неговата баба, кралицата Елзиабета Втора, која моментално е на тронот неодамна го прослави својот 70-ти јубилеј. Само Луј XIV бил на власт подолго од неа, неговото владеење од 72 години и 110 дена беше најдолгото владеење од кој било монарх во европската историја. Така принцот Чарлс ќе седне на тронот по Елизабета Втора, а потоа и принцот Вилијам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот