Принцот Вилијам ѝ дал големо ветување на Дијана после разводот

принцеза дијана
Принцеза Дијана и принцовите Хари и Вилијам / Фото: Profimedia/EPA-EFE

Принцот Чарлс и Дијана се разделија во декември 1992 година, а официјално се разведоа 4 години подоцна. Овој развод подразбираше борба околу многу пари и моќ, а најболната точка беше – титулата на Дијана.

Фото: Profimedia

Всушност, со оглед на тоа дека таа беше мајка на британскиот престолонаследник, Дијана требаше да остане Нејзиното кралско височество. Дури и кралицата Елизабета Втора се согласила со тоа, но принцот Чарлс не сакал воопшто ни да помисли на тоа и титулата на Дијана била одземена.

Тоа тешко ѝ паднало на принцезата, а нејзиниот постар син Вилијам ја почувствувал нејзината тага и се обидел да ја утеши. Поранешниот батлер на Дијана, Пол Барел, подоцна открил како малиот принц, тогаш 14-годишно момче, ја утешил својата мајка.

Фото: Profimedia

„Ми рече дека една ноќ, кога била тажна поради губењето на титулата, покрај неа седнал, ја прегрнал и ѝ рекол: Не се грижи мамичке, јас ќе ти ја вратам титулата кога ќе станам крал еден ден“, се присетил Барел.

Само година дена подоцна, Дијана загина во сообраќајна несреќа, а Вилијам продолжи да зборува за честта на својата мајка и непрекинато да го потсетува светот колку таа беше посебна и му значеше.

Фото: Profimedia

„Мајка ми ми недостига секој ден“, признал во една прилика Вилијам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот