Принцот Хари и Меган Маркл повикаа да се донира за помош на жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска повикаа на донации за поддршка на жртвите од пожарот во Лос Анџелес во кој загинаа најмалку десет луѓе.

Според Си-ен-ен, војводата и војвотката од Сасекс, кои живеат во близина на Лос Анџелес, донирале облека, детски предмети и други основни потреби на луѓето погодени од катастрофите.

Тие, наводно, биле домаќини и на пријатели кои биле принудени да се евакуираат во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

„Доколку некој пријател, сакана личност или домашно милениче треба да се евакуира, а вие можете да им понудите безбедно засолниште во вашиот дом – ве молиме сторете го“, рекоа Хари и Меган на нивната веб-страница.

Тие ја повикаа заедницата да провери дали на хендикепираните или на постарите соседи им е потребна помош при евакуација.

Во пожарите изгореа повеќе од 10.000 згради, како и повеќе од 142 квадратни километри земјиште, а најмалку 10 луѓе беа повредени.

Наредена е евакуација на околу 179.000 луѓе , објави Си-би-ес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот