Принцот Ендру е сигурен во својата невиност: Бара судење пред порота

принц ендру
Принц Ендру / Фото: Profimedia

Војводата од Јорк побарал судење пред порота за случајот со Вирџинија Џуфре која го обвини за сексуално злоставување.

Вирџинија Џуфре, позната и како Вирџинија Робертс, тврди дека принцот Ендру сексуално ја нападнал на три различни места помеѓу 2000 и 2002 година.

Принцот Ендру ја загуби титулата

Војводата изнесе 11 причини зошто случајот треба да биде отфрлен, тврдејќи дека обвинувањата на Џуфре биле „забранети со доктрината за согласност“ и поради „нејзиното незаконско однесување“.

Во судскиот документ во кој се наведени неговите причини за отфрлање на случајот, адвокатите на Ендрју рекоа дека принцот Ендру со ова побарал судење пред поротата.

Принц Ендру
Принцот Ендру ја загуби и титулата во кралското семејство/Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Џуфре го обвинува Ендру дека сексуално ја злоставувал кога била малолетна и имала 17 години во лондонскиот дом на британска членка на високите кругови Гислејн Максвел, во њујоршката вила на педофилот Џефри Епштајн и на приватниот остров на Епштајн, Сент Џејмс.

Судијата Левис Каплан претходно го одби барањето на војводата да го отфрли случајот пред судењето.

Принцот Ендру ја загуби титулата

Епштајн изврши самоубиство во затвор пред две години додека го чекаше судењето за сексуални злосторства, додека Максвел минатиот месец беше осудена за сексуална трговија.

Принцот ги негираше обвинувањата што го принудија да се повлече од кралските должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот