Принцот Џорџ до соученик: Татко ми е идниот крал, затоа внимавај

Принцот Џорџ
Принцот Џорџ на погребот на кралицата Елизабета Втора / 19 септември 2022 / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Можеби има само девет години, но принцот Џорџ точно знае кој е и поради тоа имал совршен одговор на задевањата од страна на еден од неговите соученици, објави „Дејли мејл“.

Имено, најстариот син на принцот Вилијам и принцезата Кетрин му рекол на својот соученик дека „татко му е идниот крал“ и дека „ќе биде подобро да внимава“ во врска со начинот на којшто се однесува со него.

Овој момент од училишните денови на принцот Џорџ го раскажала Кејти Никол, познавач на кралското семејство. Во нејзината книга „Новите кралски членови“, Никол тврди дека децата на Вилијам и Кетрин се воспитувани во духот на монархијата и да имаат „чувство за должност“.

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин со нивните три деца / Фото: EPA-EFE/Jonathan Brady / POOL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Иако принцот Џорџ е свесен за фактот дека еден ден ќе биде монарх, неговите родители се обидуваат да не го оптоваруваат со премногу обврски уште од сега.

„Тие го воспитуваат принцот Џорџ да биде свесен за тоа кој е тој и за улогата што ќе ја наследи, но не сакаат да го оптоваруваат со големо чувство на должност“, напиша Никол.

Исто така, Кејти Никол тврди дека принцезата Кетрин им се восхитува на родителските техники што ги користат принцот Едвард и неговата сопруга Софи. И покрај тоа што се членови на кралското семејство, нивните деца порасна без кралски титули и далеку од очите на јавноста.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот пристигнаа на погребот на кралицата во придружба на Кејт и Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот