Принцот Чарлс сака да ги смести украинските бегалци на своите имоти

принц чарлс
Принц Чарлс / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британското кралско семејство се ангажираше да помогне околу војната во Украина со најразлични донации, а сега принцот Чарлс размислува да ги отвори вратите од своите имоти во Шкотска, за да обезбеди дом за украинските бегалци, пренесуваат британските медиуми.

„Сите членови на кралството се согласуваат дека покрај финансиската помош, треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа значи и обезбедување сместување во Велика Битанија, а најверојатно ќе се отвори и имотот Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти кои би можеле да послужат како нов дом за бегалците“, изјави за „Дејли Меил“ неименуван извор близок до кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dumfries House (@dumfrieshouse)

„На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а вклучена е и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од својот имот“, додал изворот, а потегот на кралското семејство наиде на одобрување кај британската јавност.

Имотот Дамфрис е во сопственост на Фондацијата на Принцот Чарлс и е на само неколку милји од градот Камнок во Шкотска. Во него се одржуваат свадби и разни хуманитарни настани, а служи и како музејски пример на поранешна архитектура.

Принц Вилијам, Кејт Мидлтон / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Освен сместување, сакаат да им понудат и работа

На бегалците може да им се понуди и имотот Балморал, на кој кралицата поседува неколку недвижнини и кои кралското семејство ги користи како викендички. Членовите на семејството сакаат да им понудат и работа на несреќните Украинци, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.

„Ќе пристигнат многу Украинци со искуство во земјоделството, производството на храна и угостителството, кои можат да бидат од вистинска вредност за нашите рурални заедници… Сакаме да работиме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства каде и да можеме“, велат од фондацијата што ја водат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот