Принцот Чарлс навистина се сретнал со својата внука Лилибет: Тоа било собено емотивен момент за него

принц чарлс
Принцот Чарлс и неговата внука Лилибет / Фото: EPA-EFE/Принтскрин Инстаграм

Британскиот принц Чарлс пред неколку недели конечно доби шанса да ја запознае својата внука Лилибет, второто дете на принцот Хари и Меган Маркл. Идниот британски крал наводно не ја криел возбудата и емоциите што му била дадена можност да ја запознае својата најмлада внука.

Бидејќи малата Лилибет, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, е родена во Калифорнија, САД, а семејството не го посетило кралството до овој јуни, принцот Чарлс бил исклучително возбуден кога ја запознал. Така барем велат добро упатени извори за британските медиуми. Имено, принцот и војвотката Камила биле пресреќни што ги виделе Лилибет и Арчи“.

принц чарлс
Принцот Чарлс и војвотката Камила / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Меган и Хари пристигнаа во Лондон на почетокот на мај, за да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, а со себе за првпат ги донесоа и своите деца, синот Арчи и ќерката Лилибет.

Иако останале само неколку дена, младите родители ја запознале својата ќерка со поголемиот дел од нејзиното кралско семејство, а бидејќи не биле обврзани да присуствуваат на сите кралски јавни ангажмани, имале време да се дружат со семејството во затворени кругови далеку од очите на јавноста.

Фото: Profimedia

Не е тајна дека принцот Хари има турбулентни односи со неговиот татко принцот Чарлс и братот принцот Вилијам, но тој се обидел да го остави тоа настрана за време на нивната средба.

Инаку, принцот Чарлс бил многу приврзан за своите други внуци, децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Неодамна покажа колку е близок со малиот принц Луис, кој со своето палаво однесување го украде шоуто на платинестиот јубилеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот