Принцезата Шарлин на лекување во институција надвор од Монако: Принцот Алберт проговори!

принцеза шарлин, принц алберт
Принцезата Шарлин и принцот Алберт во 2020 година / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Во ексклузивното интервју за магазинот „People“, принцот Алберт повторно проговори за својата сопруга, принцезата Шарлин.

Принцезата моментално е на лекување во институција надвор од Монако. Одлуката да побара лекарска помош само неколку дена по нејзиното враќање од Јужна Африка, парот ја донел заеднички со помош на браќата на Шарлин.

ФОТО: Шарлин се врати дома: Пресреќна сум што го имам семејството покрај мене

Принцот Алберт ги отфрли гласините за проблемите во нивниот брак и откри дека принцезата страда од длабока емоционална и физичка исцрпеност.

„Веројатно кажав веќе неколку пати, но тоа нема никаква врска со нашиот однос. Сакам да го кажам тоа многу јасно. Тоа не се проблеми во нашата врска; не во односот меѓу маж и жена, тие се проблеми од поинаква природа“, истакна Алберт.

Иако претходно изјави дека принцезата нема долго да биде отсутна, за нејзиното опоравување ќе биде потребна клиничка нега која ќе трае најмалку неколку недели.

„Се чувствува подобро, но треба да се одмори. Не е во Монако, но наскоро ќе се врати“, изјави Алберт.

 

Снаата на Шарлин, Шантел Витсток, исто така даде до знаење дека Шарлин засега ќе биде поштедена од јавните појавувања, а тоа го потврди и преку најновата објава на официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство.

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот