Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Примопредавање јапонска донација за поддршка на Националната опера и балет

Во фоајето на Националната опера и балет денеска напладне ќе биде примопредадена донација од грант на владата на Јапонија за поддршка на културата – Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет.
Донацијата се реализира во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (JICA) во рамки на програмата за културни грантови.
Координацијата и испораката на оваа донација како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, заедно со Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија и Министерството за култура.
На прес-конференција по повод донацијата ќе се обрати вицепремиерот за еврпски прашања Никола Димитров, како национален координатор на странска помош, а ќе учествуваат и јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, министерката за култура Ирена Стефоска, главниот претставник на JICA за Балканот – Такеичи Џиро и директорот на Националоната опера и балет, Васо Ристов.
Извор: МИА
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5