Примирјето во Нагорно Карабах ја запре војната, но го загрози опстанокот на рускиот воен сојуз со Ерменија и екс советските држави

epa08810795 A handout photo made available 10 November 2020 on the official website of Azerbaijan's President shows Azerbaijan's President Ilham Aliyev (R) and Russian President Vladimir Putin (L) signing documents during a video conference call in Baku, Azerbaijan, 09 November 2020. On 09 November Azerbaijan President Ilham Aliyev, Armenian Prime Minister Nikol Pashinyan and Russian President Putin signed a statement announcing a complete ceasefire and all military operations in the Nagorno-Karabakh conflict zone from 00 a.m. Moscow time on 10 November 2020. Armed clashes erupted on 27 September 2020 in the simmering territorial conflict between Azerbaijan and Armenia over the Nagorno-Karabakh territory along the contact line of the self-proclaimed Nagorno-Karabakh Republic (also known as Artsakh). EPA-EFE/AZERBAIJAN PRESIDENTÕS PRESS OFFICE HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Со примирјето под покровителство на Русија, Ерменија и Азербејџан се согласија на прекин на огнот во спорната област Нагорно – Карабах. Но руската иницијатива не наиде на иста реакција во двете завојувани држави, примирјето Ерменците го доживеаја како национално предавство на премиерот Пашијан, додека азербејџанците излегоа на улиците да ја послават победата.

Со рускиот мировен план се предвидува прекинување на сите воени операции и останување на завојуваните страни зад постојните линии на фронтот. Со оглед на релативно добриот воен успех на Азербејџан и освојувањето на низа населени места меѓу кои стратешки важниот град Суша, тоа практично значи дека претседателот Алиев ќе ги формализира освоените територии како дел од Азербејџан. Но тоа не е се, Ерменија според договорот се согласува да се повлече од уште неколку региони од областа, и од непризнаената Република Артсак ќе остане само енклава околу главниот град Степанакерт.

Урнатини по ракетирањето на Степанакерт од страна на азербејџанските сили/ Степанакерт, Нагорно Карабах/ 6 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/Areg Balayan / ArmGov / PAN Photo MANDATORY CREDIT

ДополнителноЕрменија ќе мора да изгради коридор од енклавата до ерменска територија бидејќи практично она што остана од Нагорно – Карабах ќе биде опколено со Азербејџанска територија. Азербејџан дополнително ќе добие и коридор преку ерменска територија до другата спорна област Накчиван која е дел од Азербејџан но која беше опкружена од ерменска територија.

Договорот предвидува и враќање на раселените луѓе од областа, што во пракса значи целосно менување на етничкиот состав на областа и губење на доминацијата на етничките Ерменци.

Во суштина договорот претставува признавање на воената победа на Азербејџан над Ерменија во Нагорно – Карабах и неговото потпишување и овозможува на Ерменија барем да сочува дел од областа со оглед на реалните очекувања после азербејџанската офанзива да падне и Степанакерт. Промовирањето на мировниот договор доаѓа само еден ден после соборувањето на рускиот хеликоптер на ерменска територија од страна на Азербејџан, што беше признаено како грешка од азербејџанската армија која се извини на Русија за инцидентот.

Со покровителството на договорот Москва природно се наметна како фактор од кој се очекуваше решение за кризата, но ова решение сепак изненади дел од аналитичарите поради неколку фактори. Русија и Ерменија се членки на “Организација за колективна безбедност” во која членуваат и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан но не и Азербејџан.

За време на најжестоките борби во изминатите недели официјална Москва порача дека правилата на оваа организација не се однесуваат на Нагорно – Карабах бидејќи областа формално е дел од Азербејџан. Но јасно е дека формалните принципи на територијалност и суверенитет не се толкуваат од Москва секогаш на ист начин, треба само да се види окупирањето и отцепувањето на Крим од Украина и јасно е дека во овој случај рускиот претседател Путин има други пресметки.

Ерменија пак отворено бараше помош од Русија во воениот судир со Азербејџан, дел од ерменските преставници гласно прашаа, каков е тој сојуз во кој членките не им помагаат на другите членки. Имаше и споредби со случувањата во Украина, па ерменските политичари ја повикуваа Москва да ги прати “малите зелени луѓе” кои беа пратени во источна Украина и кои помогнаа бунтовничките проруски области да не бидат освоени од украинските сили. Но таа помош од Русија никогаш не дојде.

Руски мировници пристигнаа во Ерменија/ Фото: Russian Defense Ministry Press Service

Русија во Ерменија има и постојана воена база со околу 2000 војници, што се смета за поголема воена инсталација. Но во исто време Москва продаваше оружје и на Азербејџан, а со бившата советска република водена од Илхам Алиев, Москва има и неколку енергетски договори поврзани со производство и транспорт на гас. Рускиот претседател Путин никогаш не криеше дека не сака да ги растури добрите односи со Азербејџан и така целосно да ја препушти земјата на влијанието на Турција и на САД.

Но вистински проблем за Путин преставува неможноста да ги заштити ерменските интереси со кои земјата сепак е во директен воен сојуз, па сега не само во Ерменија туку и останатите земји членки на сојузот оправдано ќе го постават прашањето за оправданоста од постоењето на Организација за колективна безбедност. Во исто време рускиот патерналистички опфат на просторот на бившиот СССР е сериозно разнишан бидејќи Азербејџан во конфликтот доби доректна воена помош од Турција.

Анкара на фронтот транспортираше илјадници борци од сириските и либиските војувалишта, а користењето на турските “Бајрактар” дронови преставуваше тактичко изненадување во војната, бидејќи со нивната употреба азербејџанската армија успеа да ги пробие дефанзивните линии на фонтот на добро вкопаните ерменски вооружени сили. Турција на овој начин покажа дека е способна да интервенира и на простори кои во минатото биле незамисливи за Анкара на самата граница со Русија.

Русија ќе ја заштити Ерменија со мировната мисија/ 12 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY HANDOUT MANDATORY CREDIT/BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Не треба да се заборави дека покрај затегнатите односи со САД, Турција е членка на НАТО па така слободно може да се каже и дека Азербејџан ја победи Ерменија со помош на земја членка на НАТО а Ереван не можеше да се одбрани и покрај тоа што е член на рускиот безбедносен чадор. Доколку во Сирија, Русија успеа да го сврти текот на војната на страната на Асад, во Либија сепак проруските сили на Маршал Хафтар не успеаја да ги задржат освоените територии после турската интервенција.

Но неуспехот на Москва да ги заштити ерменските интереси во судирот со протурскиот Азербејџан се чини како проблем од кој Владимир Путин ќе има најсилна главоболка и понатаму ќе го актуелизира прашањето за руската воено – политичка доминација во регионот која овој пат не е предизвикана од главниот ривал на Русија преку океанот, туку од далеку помала и послаба воена сила преставена преку агресивната Турција на Реџеп Таип Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот