Примирјето во Авганистан и понатаму се почитува, можен историски договор со талибанците

Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Делумното примирје, какво што досега се уште немало во Авганистан, главно се почитуваше на четвртиот ден по неговото прогласување, што на САД им даде надеж дека во сабота ќе се потпише „истористи договор“ со талибанците.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео сепак упати прилично јасно предупредување за властите во Кабул, кои меѓусебно се спорат околку резултатите за последните претседателски избори, повикувајќи ги да не ја загрозат оваа „голема политичка можност“.

– Се наоѓаме пред историска можност за мир. Намалувањето на насилството се почитува, не баш потполно, но тоа функционира – рече Помпео, а командантот на американските сили во Авганистан, генералот Скот Милер го потврди „трендот на намалување на насилството“.

Во Кабул министерството за внатрешни работи извести за намалување на „непријателските напади“ откако во саботата стапи на сила седумдневно делумно примирје меѓу американската војска, авганистанските сили и талибанците.

Безбедносен извор на прашање на агенцијата „Франс прес“ рече дека просечниот број на талибански напади паднал од 75 на 15 на денот од почетокот на фазата која официјално е наречена „намалување на насилството“.

Ако примирјето се оддржи до саботата, САД со талибанците во Доха, Катар, ќе го потпишат договорот за кој преговарат веќе една и пол година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот