Примера: Борба за опстанок и Конференциска лига ќе има и во последното коло

Фото: EPA-EFE/ Borja Sanchez-Trillo

Девет натпревари од шпанската Примера беа одиграни денес во терминот од 19:30 часот, акцетот беше ставен на борбата за опстанок и местото во Конференциската лига.

Осасуна и Атлетик Билбао ги завршија своите дуели против Гетафе и Елче со порази, па така останаа изедначени со 50 бодови и последното коло ќе одлучува кој е последниот тим кој ќе игра во некое европско натпреварување.

Кадиз славеше минимално против Селта со 1:0 и скокна 41 бод, но се уште не е сигурно дали ќе опстанат затоа што Ваљадолид кој е 18-ти има 39. Денес Ваљадолид одигра без голови против Алмерија која има еден бод повеќе и пропушти прилика да биде во подобра позиција.

Барселона лесно ја заврши својата работа и со Мајорка славеше победа од 3:0, блескаше Ансу Фати со два гола во првото полувреме, третиот беше дело на Гави, а Фати запиша асистенција.

ПРИМЕРА 37. КОЛО:

Алмерија – Ваљадолид 0:0

Атлетик Билбао – Елче 0:1

Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 2:1

Барселоја – Мајорка 3:0

Кадиз – Селта 1:0

Гетафе – Осасуна 2:1

Жирона – Бетис 1:2

Рајо Ваљекано – Виљареал 2:1

Валенсија – Еспањол 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот