Прим. д-р. Марија Пасху, спец. по мед. биохемија: Контролни пакети за можни последици од прележаниот ковид-19

profimedia

Лабораториски испитувања асоцирани со коронавирусот што ќе ви помогнат да ја следите вашата здравствена состојба.

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести што се манифестираат од обична настинка до потешки заболувања како што се Блискоисточен респираторен синдром (MERS-CoV) и тежок акутен респираторен синдром (SARS-Cov). Актуелниот коронавирус е нов вид, кој претходно не бил идентификуван кај луѓето. Постојат четири главни подгрупи на коронавируси од кои најчесто заболува човечката популација, но понекогаш, анималните коронавируси (присутни кај животните) можат да еволуираат и да ја прескокнат бариерата животно – човек, односно да се пренесат на луѓето, како што е и новиот коронавирус 2019 ( nCoV).

Најновите испитувања за промените кај заболените од ковид-19 реферираат за низа биохемиски отстапувања кои се докажуваат со лабораториски анализи.

Многу научници од светот, кои ги испитуваа биохемиските промени при ова тешко заболување, сугерираат контрола на биохемиските параметри кај популацијата со симптоми на грип и настинка, и особено контрола на оние кои го поминале ковид-19. Фото profimedia

Многу научници од светот, кои ги испитуваа биохемиските промени при ова тешко заболување, сугерираат контрола на биохемиските параметри кај:

  • Популацијата со симптоми на грип и настинка (за ослободување од стравот од вирусот)
  • Особено  контрола на оние кои го поминале ковид-19, болест која напаѓа витални органи, со цел навремено лечење на последиците.

Пакетот 1 опфаќа:

  • Крвна слика– намалување на бројот на леукоцити, особено на групата лимфоцити
  • АСТ, АЛТ и АЛП (АST,ALT и АLP)–  ензими кои се покачуваат заради оштетување на црниот дроб
  • Холестерол и триглицериди, особено битни кај гојазните особи,  затоа што масното ткиво е таргет за коронавирусот
  • Уреа и креатинин – за бубрежната функција
  • Железо– се намалува кај сите инфекции
  • Феритин – реален показател на резервите на железо и потребата од терапија, со оглед дека серумското железо во крвта е присутно во мали количини
  • ЦРП (CRP)– тест за откривање на акутно воспаление, органски заболувања, тромбоза, процена на напредувањето на болеста и на ефикасноста на терапијата.
  • ЛДХ (LDH)– ензим присутен во повеќе органи, се покачува во состојби на хипоксија (недостаток на кислород).
  • Ддимери– се користи кога е потребно да се исклучи присуство на тромб при различни пореметувања, како што е белодробната емболија. Д-димерите се користат и за проценка на повторно формирање на тромб 

Пакетот 2 опфаќа :

  • Пакет 1
  • Пакет антитела IgM и IgG

Присуството на антитела против некој патоген (вирусот ковид-19) во крвта покажува дека личноста  била изложена на него. Се мерат вредностите на антителата имуноглобулин М (IgM) и имуноглобулин Г (IgG).

IgM се создава во големи количини набрзо по изложување  на вирусот, а потоа неговата синтеза брзо се намалува.

IgG се создава и на првата изложеност, но не толку брзо како IgM. По следните контакти со вирусот произведените антитела првенствено се од групата IgG и тие остануваат во крвта подолг временски период.

Ова влијае на толкувањето на резултатите: позитивен резултат за IgM сугерира дека некое лице е моментално или неодамна заразено, додека позитивен резултат за IgG и негативен резултат за IgM значи дека лицето може да било заразено во минатото.

Конкретно за ковид-19, со овие тестови се откриваат лица кои биле изложени и развиле антитела против вирусот, а кај кои болеста поминала во лесна форма или без симптоми.

Направете конторлни пакети за можни последици од прележаниот ковид-19 во „Биотек лабораторија“, која е опремена со најсовремена опрема и стручен кадар. Информации и закажување на телефоните: (0)2 5300 898, 078/394-829, (0)2 5300 766

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот