Министерството за внатрешни работи денеска уапси дилер на дрога, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1.
-Денеска (16.11.2020) во 14:30 часот полициски службеници од СВР Скопје-Единица за внатрешни работи Кисела Вода го приведоа А.К. (31) од Прилеп, со место на живеење во Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за извршено кривично дело недозволена трговија со дрога- соопшти МВР.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.