Прилепчанец пукал во куче скитник, но го погодил својот братучед

Во Полициска станица Прилеп вчера попладне било пријавено дека прилепчанец со пушка пукал во куче скитник, но место кучето го погодил својот братучед, кој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

-С.А.(23), со воздушна пушка „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата- стои во дневниот билтен на МВР.

Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот