Прилепчанец ја расекол со нож поранешната сопруга

Фото: Профимедиа

47-годишен прилепчанец ја нападнал со нож неколку години помладата поранешна сопруга и ја повредил, соопшти МВР.

„На 20.06.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга“, велат од полицијата.

Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот