Полицијата од Прилеп приведе лице по кое е распишана потерница за издржување затворска казна.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека Одделението за внатрешни работи Прилеп по распишана потерница од Основен суд Битола, го приведоа T.З. (49) за издржување затворска казна.
Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Битола.