Прилеп ги отвори вратите на музеите цела ноќ

Прилеп вечерва од 18 часот ги отвори вратите на шесте музеи, галерии и спомен-куќи за бесплатно да ги рагледуваат и да уживаат посетителите во рамките на Европската ноќ на Музеите.

Од 18 часот вечерва па до 6 часот изутрината посетителите во Прилеп бесплатно ќе може да ги разгледуваат и да живаат во културното, историското и археолошкото богатство од Прилепските простори, сочувано низ вековите и децениите.

Вечерва во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, се отворени вратите на: Археолошката музејска поставка во рамките на прилепскиот Завод и музеј, Лапидариумот кој официјално отворање ќе има во вторник, 21 мај, потоа Меморијалниот музеј „11 Октомври”, спомен-куќата на Кузман Јосифоски Питу , Галеријата на икони и Музејот на тутун.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј отворените поставки во Прилеп потврдуваат сокакво културно и историско богатство располага градот, особено што пред очите на јавноста е најновата поставка на архелошки артефакти на Лапидариумот.

-Ги отворивме изложбените поставки за сите посетители. Имаме што да им понудиме на сите посетители. Со Лапидариумот што ќе биде и официјано отворен, Досега не била отворена таква поставка, Тоа е излоѓба на 60 ина артефакти од сите ахеолошки локалитети во Прилепско. Тоа е едиствена изложбена поставка и доаѓа во пресрет на прославата на 65 –годишнината од постоењето на прилепскиот музеј која е догодина, рече Атанасоски.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Прилеп има со што да се пофали, нагласувајќи го неизмерното културно богатство.

– И оваа година, Заводот и музеј Прилеп се вклучи во одбележувањето на прославата „Европските ноќи на музеите” како интернационален ден кој го прославуваме. Прилеп има со што да се пофали и со што да слави. Поседува огромно културно наследство, трација со што сите треба да се гордееме. Шесте поставки и музеите што ги имаме заслужуваат внимание и секој поединечно раскажува приказна за нашиот град, како град на тутунот, на културата, град-херој. Сето тоа заслужува да го видат вечерва сите наши граѓани, рече Јованоски.

Посетителите ќе може дауживаат во отворените поставки до 6 часот изутрината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот