ПРИКРИЕНИ ПСИХОПАТИ: Ова се знаците дека некоја личност треба да ја избегнуваме

психопат

Се проценува дека само 4% од светското население се психопати, но веројатно бројката е многу поголема, бидејќи еден дел од нив добро го кријат тоа.

Кај овие лица нема емпатија, ниту каење, а имаат и природен нагон да повредуваат.

Еве како ќе ги препознаете:

1. Немаат емоции

Тие не можат да препознаат тага кај други, но можат да одглумат емотивна реакција од типот на прегратка или убав збор, но на нивното лице никогаш нема да се забележи сочувство. Можете да ги откриете по тоа како реагираат на проблеми и болка на други луѓе.

2. Сакаат да наметнуваат чувство на вина и се сосема во ред со тоа

Тие никогаш нема да признаат дека грешат, а уште повеќе можат и да провоцираат да кажете сè најлошо што ви е на душа, што потоа секако, може лесно да го искористат против вас.

3. Поседуваат заразна харизма

Претерана пријателска настроеност кон луѓе на кои им делат комплименти, на прв поглед изгледа шармантно и харизматично. Психопатите сакаат да ви се допаднат, за да можат во иднина да манипулираат со вас.

4. Лажат

Лажат, свесни се дека и другите знаат дека лажат, но и за тоа имаат изговор и некој друг е виновен, а никако тие. Всушност, не се ни загрижени дали некој ќе сфати дека лажат, затоа што веднаш ќе смислат нова лага со која ќе ја прикријат претходната ситуација.

5. Неодговорни се

Никогаш не забележуваат кога ќе постапат неправилно, а не прифаќаат одговорност за никоја своја акција. Многу веројатно е дека ќе го припишат тоа на некој друг и за среќа, секогаш ќе се најде некој да биде нивна жртва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот