„Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска

Новата прозна книга на Марина Мијаковска со наслов „Приказни од Пајко Маало“ е метафора на создавањето на трајните културни вредности. Писателката е инспирирана од културно-историските обележја на градот Скопје. Приказните настануваат на улиците на Пајко Маало во различни временски периоди. Преку ликот на сезнаечкиот наратор и стар скопјанец Панајот, Мијаковска симултано ги поврзува расказите во кохерентна целина што наликува на новела.

Преку ваквата прозна постапка, авторката прави сопоставување на сликите од минатото и сегашноста, стариот и новиот град, старите скопски легенди и новите урбани приказни создадени на дланките на денешното Скопје. Книгата „Приказни од Пајко Маало“ е објавена со финансиска поддршка на Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 83, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот